Пред 22 години запре гласот на последниот крал на кафеаните Тома Здравковиќ
Беше најголема ѕвезда на југословенката музичка сцена и неприкосновен крал на кафеаната, боем, поет, кантавтор… Тома Здравковиќ се запиша во вечноста на денешен ден пред 22 години. Почина на 53 години во Белград.
Тома Здравковиќ не само што компонираше ги изведуваше своите песни, тој и ги оживеа и поради што и остана единствен. Текстовите на емотивните песни, кои зборуваат за невозвратени љубови и страдања, главно ги пишуваше самиот тој, а поголем број од тие песни се автобиогравски.
На широката јавност го претстави Силвана Арменулиќ, овозможувајќи му да настапува на нејзините концерти. Тој за возврат и ја подари песната „Шта че ми живот без тебе драги“.
Зад него остана незаборавни хитови како што се „Дал је могуче“, „Данка“, „Дотак`о сам дно живота“, „Кафана е моја судбина“, „Проклета недеља“, „Јелена“, „За Лилјану“ и многу други кои и денес се пејат.
Освен кафеаната и песната, ги сакаше жените и комарот. Се вљубуваше и трошеше немилосрдно. Сето тоа го одбележа неговиот боемски живот, кој беше прекинат на 53 години.