На скопските гробишта вчера беа погребани посмртните останки на двајцата планинари кои трагично настрадаа на врвот Кајмакчалан минатиот викенд.
Професорот и поет Владимир Мартиновски на Фејсбук сподели песна што ја посвети на младата планинарка што загина качувајќи се на врвот Кајмакчалан.
ПЛАНИНА ОД ЦВЕЌЕ
На Калина Велевска
На
работ
од градот
расте планина
од цвеќе.
Сиподаваме
тажни букети,
икебани, венци, китки,
кои
од рака
до рака се селат
како
вреќи со песок
кон надојдена река.
Ружи,
гербери,
мимози, кали,
лалиња се селат
и си седат на твојата
планина која расте ли расте.
Модниот дизајнер и блогер Фросина Ангеловска – Фран на инстаграм објави стихови посветени на загинатиот планинар:
Пет дена полни со
агонија, сивило и студ…
И небото заедно со нас
плачеше за тебе.
Вчера те испративме во
твојот вечен дом…
Денес огра сонце
и некако знам дека си тоа
ти горе на небото и дека
душата ти е успокоена…
Во сеќавање на твојата
голема љубов кон
белите пространства и маѓепсувачите височини.
Наша гордост…