Ова се последните зборови на Стив Џобс:
Јас го достигнав врвот на успехот во светот на бизнисот.
Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот.
Меѓутоа, освен работа, јас имав многу малку радости.
На крајот, богатството е само еден факт од животот на кој сум навикнат.
Во овој момент, додека лежам во болничкиот кревет и се потсетувам на целиот мој живот, сфаќам дека сите признанија и богатства кои ги примив со толку гордост, се избледени и безначајни пред лицето на претстојната смрт.
Во темнината, додека гледам во зеленото светло на машината за одржување на живот и слушам зуење на механички звукови, го чувствувам здивот на Бога и смртта која ми се приближува.
Сега знам, дека кога ќе стекнеме доволно богатство за целиот наш живот, треба да бараме други нешта кои не се поврзани со богатство…
Тоа треба да биде нешто многу поважно:
Можеби меѓучовечки односи, можеби уметност, можеби сон од младоста…
Констатното трагање за богатство само ќе го претвори човекот во чудно суштество, како мене.
Бог ни дал сетила да ја почувствуваме љубовта во сечие срце, а не илузија која ни носи богатство.
Богатството кое го постигнав во животот не можам да го земам со себе. Тоа што можам да го земам се само спомените како резултат на љубовта.
Тоа е вистинското богатство кое ќе ве следи, кое ќе биде со вас, ќе ви дава сила и ќе го осветлува патот да одите напред.
Љубовта може да патува илјадници километри. Животот нема ограничувања. Одете каде сакате. Достигнете ги висините кои сакате да ги достигнете. Се е во вашето срце и вашите раце.
Кој кревет е најскап на светот? – „Болничкиот кревет“.
Можете да вработите некој да вози кола за вас, да заработува пари за вас, но не можете да платите некој да ја носи болеста за вас.
Материјалните работи кои се губат можат да се пронајдат или да се купат. Но постои една работа што не може никогаш да се пронајде кога ќе се изгуби, а тоа е – „ЖИВОТ“.
Кога човекот оди во операциона сала, тогаш сфаќа дека постои една книга која веќе треба да ја заврши со читање – „КНИГА НА ЗДРАВИОТ ЖИВОТ“.
Во која и фаза од животот да се наоѓате, со време ќе дојде ден кога ќе морате да се соочите со тоа дека завесите се спуштаат.
Чувајте ја љубовта за своето семејство, љубовната врска, љубовта за своите пријатели…
Третирајте се себеси добро. Чувајте ги другите.