Само неколку часа пред соборувањето на малезискиот авион, еден од патниците кој бил на тој лет на својот Фејсбук профил објавил фотографија од авионот.
Во малезискиот авион Боинг 777 кој беше соборен во Украина имало 20 холандски државјани. Еден од нив пред влегувањето во авионот на својот Фејсбук профил објавил слика од авионот.
Алудирајќи на претходното мистериозното исчезнување на малезискиот авион на 8-ми март, тој оставил порака под фотографијата.
-Ако авионот исчезне, еве како изгледа, напишал патникот.
Неговите пријатели подготвени ја прифатиле шегата и му посакале пријатен одмор. За несреќа само неколку часа подоцна, кога веста за трагедијата се проширила тие почнале да поставуваат прашања, но одговор не добиле.