Во присуство на роднините, пијатели и другарите, Ангел Петковски попладнево беше погребан на гробиштата во Ѓорче Петров.
Повеќе од стотина лица денеска точно напладне на локалните гробишта во Ѓорче Петров се збогуваа од Ангел Петковски, осумнаесетгодишното момче кое трагично загина.
Ангел беше убиен во понеделникот попладне во населбата Ѓорче Петров откако заедно со својот татко се обиде да го спаси својот велосипед од крадец. Ангел почина од убодна рана. Полицијата го приведе лицето Н. Е., деветнаесетгодишник, осомничен за убиството. Според податоци од истрагата, тој го признал делото.