Проектот изградба на сноу борд патека вклучува изградба на вештачка акумулација за вода од која ќе се прави вештачки снег, електроенергетска и водоводна инфраструктура за пренос на водата до патеките и за подготовка на вештачки снег.
За таа намена набавени се пет топови за создавање вештачки снег, поставено е осветлување на двете скијачки патеки и набавени се реквизити за поставување сноуборд парк на една од скијачките патеки на „Пониква“. А.Д. МЕПСО донираше околу 1 милион евра за изградба на систем за создавање вештачки снег на двете скијачки патеки во ски центарот „Пониква“.
Според најавите на ски-лифтовите број 3 и број 1 ќе бидат поставени неколку такви топови, со кои ќе се гарантира подолга скијачка сезона.
Ваквиот потег ќе наиде на одобрување на љубителите на зимските спортови, посебно на скијачите бидејќи во иднина тие ќе можат да скијаат во секое време од деноноќието.
Планирано е да се постават неколку вакви топови кои во недостиг на снег ќе ги покриваат патеките за скијање со вештачки снег. Вработените велат дека сезонава ќе има и ноќно скијање, објави порталот Комарец.
Во проектот за потребите на скијачкиот центар „Пониква“ набавени се возило за подготовка на скијачки патеки (популарно наречено „Ратрак“) и снежна моторна санка.