Поставен оџакот од кој чадот ќе јави за изборот на новиот Папа


Во саботата е поставен оџакот на покривот од Сикстинската капела, чиј чад ќе извести за изборот на новиот Папа, со што се довршуваат подготовките за конклавите на римокатоличките кардинали кои ќе го избираат наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти.

odjak papaКонклавите започнуваат во вторник, на 12-ти март, а оџакот има намена на надворешниот свет да му објави дали кардиналите го избрале поглаварот на Римокатоличката црква. Црниот чад значи дека одлуката сѐ уште не е донесена, а белиот дека новиот папа е избран.

Оџакот е прицврстен на керамидите од теракота на покривот од Сикстинската капела украсена со фреските на славниот Микеланџело и многу јасно се гледа од правецот на плоштадот Свети Петар, на кој мноштво верници традиционално се собираат и го очекуваат исходот од тајното гласање.

Иако нема изразени фаворити за новиот челник на 1,2 милијардите католици во светот, се очекува дека конклавите ќе траат само неколку дена.

kardinaliv

Бакарната цевка во саботата ја поставија тројца припадници на противпожарната служба на Ватикан. Цевката е поврзана со две железни печки инсталирани во Сикстинската капела. Според традицијата, во печките ќе бидат изгорени ливчињата со коишто членовите на Советот на кардиналите гласаат за новиот папа.

Во модерната историја на папството имало неколку случаи кога било тешко да се утврди резултатот од гласањето според бојата на чадот. Па така, при изборот на Бенедикт Шеснаесетти во 2005 година, покрај белиот чад изборот го потврди и биењето на камбаните.

Претставникот на службата за односи со јавноста на Светата столица, Федерико Ломбарди изјави во саботата дека чадот од оџакот на Сикстинската капела ќе го означува исходот од гласањето околу 12 и околу 19 часот. Меѓутоа, доколку биде избран новиот папа, белиот чад од оџакот ќе може да се види дури и порано, околу 10.30 или 17.30 часот

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1