По повод првиот патронат на ОУ „Александар Македонски“, денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски го открија споменикот на Александар Македонски.
Скулптурата на Александар Македонски, која е висока 3,5 метри, е изработка и донација на скулпторката Валентина Стевановска, која ја изработи и скулптурата „Воин на коњ“. Коневски рече дека ова лето хортикултурно ќе се уреди и дворот на училиштето со што учениците на есен ќе ја почнат новата учебна година во нов и попријатен амбиент.