Поставени таблите „Пријателство“ на автопатот


На Автопатот Табановце – Богородица, кој води од границата со Србија до границата со Грција поставени се таблите со новото име „Пријателство“. Поставувањето на таблите следи по одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ кое беше најавена по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос.

Одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ во автопат „Пријателство“ Владата ја донесе на средината од минатиот месец.

Покрај автопатот кој доби нови име, ново име има и аеродомот во Скопје кој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“.

Изминатиот викенд согласно одлуката за промена на името беа отстранети буквите од натписот „Александар Велики„, а ноќта меѓу 28 февруари и 1 март беше отстранет и споменикот на Александар Македонски што беше поставен во зградата на Аеродромот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1