Постигнат договор: Избори на 15 јули


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција соопшти дека 15 јули е конечен, последен и единствен датум за избори.

Заев кажа дека денеска разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тој потврдил дека е согласен за избори на 15 јули.

„Бараа средината на јули, еве им избори на средина на јули“, рече Заев.

-Го заклучуваме 15 јули како конечен , последен датум за избори, на кои ќе излезе и опозицијата. Ние, јас и СДСМ преземама чекори веднаш да заврши оваа игра на нерви. Изборите ќе бидат во среда на 15 јули, денот ќе биде прогласен за неработен. Гласањето ќе трае од 7 до 21 часот. На 13 и 14 јули ќе гласаат болните, изнемоштените, заразените, луѓето во изолација и затворениците, истакна Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1