Постигнат договор за составот на ДИК – еве кои се новите членови


Лидерите  на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на средба во Клубот на пратениците постигнааа договор за целосниот состав на Државната изборна комисија (ДИК).

Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Алсекаднар Чичаковски за независни експерти во ДИК. Го покануваме Парламентот да ги финализира неоходните постапки што е можно побрзо, со цел  ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери објавена по средбата.dik sednica

Тие ги повикуваат сите државни институции целосно да ја поддржат ДИК во, како што се  наведува, оваа тешка задача.

Ја покануваме ДИК да ги донесе неопходните одлуки за прашања како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар, за методологиите за проверка на Избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки врз основа на законските начела без политичко влијание, се наведува во заедничката изјава.

Лидерите ги повикуваат граѓаните да пријават какви било злоупотреби кои ги воочиле до ДИК и другите официјални тела со релевантни овластувања, како што е Народниот правобранител.

Претходно по завршувањето на јавниот оглас партиите предложија членови на ДИК и тоа ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ- Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ- Субхи Јакупи, а ДПА- Бедередин Ибраими. Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите, според новите измени на Изборниот законик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1