Во последните неколку дена голем број на корисници на Фејсбук на својот статус постираат генеричка порака за која мислат дека им ги осигурува заштитните податоци на оваа друштвена мрежа. Но, се работи за уште една во низата лажни пораки.
Објавата за приватноста целосно е бескорисна
Многумина се прашуваат дали има смисла ваквата порака на Фејсбук профилот и дали ги штити личните податоци.
Еве што велат лица од Агенцијата за заштита на личните податоци во Хрватска:
„Треба да се напомене дека ваквите пораки на Фејсбук како и на сите друштвени мрежи имаат одредени правила на приватност, кој корисникот е запознат во почетокот во приликата кога ги дава на располагање своите лични податоци.
Кога се во прашање новите технологии и друштвените мрежи, мораме да напоменеме дека, пред објавата на кој било личен податок на интернет, секој граѓанин мора да има на ум, дека личните податоци треба да се даваат само во онаа мера која е потребна за да се исполни целта, за која истите се објавуваат“, вели Марија Меџиморец од агенцијата за заштита на лични податоци.
Кога ќе пристапите на некоја друштвена мрежа, истовремено пристапувате и на нивните правила. Доколку сметате дека тие правила ви ја загрозуваат приватноста, немојте да ја користите оваа мрежа.
Експертите велат дека за заштита на нашите лични податоци започнува најпрво од нас самите.
Неопходен е свесен и одговорен однос кон личните податоци на начин, да се прикажат само во мера во која тое е потребно, да им се даде складно одредена законска обврска, да не ги даваме лесно без потребната доверба и сигурност, дека некој може да ги искористи. (Фотографиите, податоците за образование, стручна подготвеност, податоците за платата, за здравјето и др)
Граѓаните мора да имаат совесен и одговорен однос кон своите лични податоци, каде и на кого ги даваат и за која цел, а особено кога е во прашање интернетот и новата технологија, нагласува Марија Меџиморец.
Па затоа бидете внимателни, запознајте се со правилата, информирајте се за сигурносните мерки на друштвените мрежи.