Жената му признала на нејзиниот сопруг дека има љубовна врска, и му го открила името на љубовникот, по што мажот збеснал, ја претепал до бесознание и со нож ја расекол по целото лице, потоа седнал во својот автомобил и заминал во потрага по љубовникот. Жената веднаш повикала полиција и отогаш тие се во потрага по него.
Според медиумите неговата сопруга (43), е хоспитализирана со исечено уво и расекотини по цело лице, а истото лице наводно застрелал во стомак девојка (28) на улица Paja Јовановиќ, и не е познато дали станува збор за случајна жртва или ја познавал.
– Тој сега го бара љубовникот за да го убие, го бараме низ целиот град, вели за “Блиц” извор од Министерството за внатрешни работи на Србија.