Потпишете сексуален договор за подобар секс


Експертот за секс, Трејси Кокс смета дека сексуалниот договор може да биде добра работа, односно дека тоа сигурно придонесува во развивање на квалитетен сексуален живот

-Ветувам дека ќе имам секс со тебе еднаш неделно, односно дека најмалку два пати месечно че смислувам нови пози. За возврат ти ќе ме бакнуваш повеќе, ќе се трудиш подолго да ни трае предиграта и ќе ми даваш почести комплименти во кревет- е еден вид договор меѓу една двојка, кој го препорачува Кокс.

par decko devojkaТрејси Кокс смета дека многу луѓе не би потпишале таков договор затоа што сметаат дека сексот мора да биде спонтан чин. Во идеалниот свет би бил, но ова не е идеален свет, па сексот често не е приоритет во животот на една двојка поради честите и напорни обврски.

Сепак Трејси смета дека сексуалниот договор може да биде добра работа. Според неа, таквиот договор помага луѓето да останат сконцентрирани и доследни затоа што обврските се напишани на хартија. Од истата таа причина, договорот делува вистински па и двојката е посвесна за него.

Исто така, договорот охрабрува затоа што партнерите признаваат дека имаат проблем и истиот сакаат да го решат. Сексуалниот договор им овозможува на партнерите да го следат својот напредок, што има дава поттик за во иднина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1