Потрагата по подметната бомба во Куманово


Полицијата и против-тероростички тим утрово околу 9 часот завршија со потрага по наводно подметната бомба во Куманово откако жител на градот пријавил дека се сомнева дека под неговиот автомобил некој подметнал експлозивна направа. Полицијата според информации на очевидци се повлекува од терен откако проверката е завршена и не е најдена бомба.bomba mk

Бомбата според пријавата била подметната под автомобил пред комплекс на згради на Булеварот Октомвриска револуција кој се наоѓа на еден километар од центарот. Полицијата утрово првин го обезбедила теренот со полициски ленти, а потоа против-терористички тим пратен од Скопје почнал со проверка на терен.

Граѓаните од околните згради биле вознемирени откако виделе полиција пред нивните влезови и кога разбрале за веста за можна подметната бомба.

Од МВР околу 9.30 ни соопштија декапри проверката не е најдена никаква експлозивна направа и дека станува збор за лажна пријава.

Делот каде е пријавен случајот се наоѓа на булеварот кој води кон излезот за Свети Николе и во близина на раскрсницата за кумановските населби Перо Чичо (Банево трло) и Гладно поле.

Telma.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1