Потрагата по исчезнатиот маж од Штип заврши трагично, откако вчера на местото Калимерово во близина на реката Брегалница, тој бил пронајден починат.
Полицијата денеска информира дека 75-годишниот Ѓ.П. кој на седми месецов беше пријавен за исчезнат од страна на неговиот син, вчера бил пронајден мртов.
Лекарите можеле само да констатираат смрт, а по наредената обдукција ќе се знае што му се случило на старецот и како починал.