Потресна исповед: Дете без лице – го отфрлила дури и неговата мајка


heri-dete-s-pola-lica-majka-sin-blizanci-1361097859-269227

Седумгодишниот Мали Хенри има брат близнак Оливер, но тие не личат како сите близнаци. Хенри е роден со деформитет на лицето, без едно око, уво и ноздра.

Мајката во првите денови од животот се одрекла како грдото пајче, но неговиот шарм преовладал и сега го сака исто како и неговиот брат Оливер.

Мајката Шарелн Мечин (33) се сеќава дека преживеала шок откако забележала дека нејзиниот син нема речиси половина лице.

heri-dete-s-pola-lica-majka-sin-blizanci-1361097769-269235

Целата страна ја немаше, му фалеше едно око, уво и ноздра. Само што се опоравував од царскиот рез, а докторите го тргнаа Хенри и објаснија дека едната страна на мојот син е избришана. Плачев и постојано му се извинував на мојот сопруг.

Дури се прашував дали е можно да се сака дете кое изгледа вака“, изјавила Шарлен.
Кај нејзе нешто покасно проработел мајчинскиот инстикт.
„Не чуствував ништо освен празнина. Се насмеав кога го видов, но во себе бев тажна. Не можев да сакам син кој нема лице“, искрено изјавила Шарлен.

heri-dete-s-pola-lica-majka-sin-blizanci-1361097831-269229

Денес седум години подоцна, Шарлен ја совладала тагата, и ужива со своите синови и им дава неизмерна љубов. Успеала да го прифати својот храбар син кој не ја симнува насмевката од лицето. Нејзините синови се енергични, неоделиви и најдобри пријатели, а Оливер е заштитник на својот брат.
Го хранев и пресоблекував, но, не чуствував ништо кон него.

Не го носев на прошетки затоа што близнаците привлекуваат внимание, а штом би го виделе Хенри ќе побегнеа, некои и вриштејќи.

heri-dete-s-pola-lica-majka-sin-blizanci-1361097815-269231А тогаш кога близнаците имале 18 месеци, насобрани деца околу Хенри, ја прашале што не е во ред со него, по што собрала храброст и им објаснила.
„Момчињата се блиски, најдобри пријатели, а Оливер секогаш застанува зад својот брат. Неодамна го слушнав како им вели на останатите другари – „Тој е мој брат, не е важно како изгледа“, – ми беше драго што го слушам затоа што знам дека Хари секогаш ќе има брат зад себе, иако е тоа претежок товар за Оливер“, вели Шарлен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1