ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Ја прокоцкав невиноста за секс авантура за една ноќ!


Петок наутро е, се разбудив со мамурлак од синоќешното излегување. Дечкото кој ми се допаѓа веќе подолго време не ме бакна ни кога беше пијан.

Веќе подолго време бев подготвена за него, но тој реши да ме испочитува и да не го искористи алкохолот како изговор. До некаде ми се допаѓаше, мислев дека сум вредна, но не знам зошто се чувствував тажно.seks-333

Во тој момент сфатив дека повеќе не сакам да бидам добрата девојка.

Му испратив порака на еден стар пријател. Се согласив да одам кај него на вечера и требаше да гледаме филм.

Но, ништо не беше по планот. Додека седев едвај можев да го погледнам. Јадев мирно и тивко, иако обично сум весела девојка која не престанува да зборува.

Моето тело полека почнуваше да се тресе како што тој ми се доближуваше. Не можев да поверувам дека ми приоѓа за да ме бакне. Не можев да си поверувам дека за прв пат некој ме допира на начинот на кој тој ме допираше.

Ме праша дали сум подготвена. Одговорив потврдно, иако не знам од каде ми дојде целата храброст.

Изгледа сакав да го скршам угледот на добра и повлечена девојка.

Како што одевме кон собата, тој постојано зборуваше за да ја намали тензијата. Бев благодарна за трудот. Добро момче е.

Кога влеговме во собата нежно ме посоветува да се опуштам. Не знаев како. Само од устата ми излета „биди агресивен со мене, слободно.“

Ме турна на креветот и почна да ме бакнува интензивно, страсно, жешко.

Сакав да се почувствувам посакувано.

Двајцата бевме речиси голи и бакнежите стануваа се подобри. Ми рече да се соблечам. За прв пат се почувствував како жена. Жена која треба да си го добие задоволството кое го заслужува.

Пробав сè што знаев. Дури добив и комплименти кои како за прв пат беа дури и нереални.

Веќе следниот момент сфатив што се случува. Не се противев, но имав некое чудно чувство. Ми требаше ова задоволство, веќе подолго време го посакував и фантазирав.

Таа ноќ беше сензационална, спротивно на сите убедувања за „првиот пат.“

Ја изгубив невиноста, но не се каев. Луѓето околу мене ме убедуваа дека тоа ќе биде срамно искуство. Но, јас се чувствував спротивно, прекрасно.

Бев лоша девојка, за прв пат во животот. И бев горда на тоа.

Сфатив дека сексот е прекрасен, без оглед на место и време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1