Даниела и Кен Ламберт го искусиле токму тоа. Тие ги изгубиле своите две деца, а за трагедијата во која настрадале била виновна нивна многу блиска и мила личност. Сестрата на Даниела, Марси.
Марси еден викенд ги повела Кила (5) и Шејн (4) кај неа дома. Даниела и Кен се поздравиле со своите деца и нивната тетка и им посакале среќен пат.
Таа ноќ, Даниела си легнала рано. Телефонот заѕвонил околу 22 часот вечерта. На телефон била нејзината 16-годишна внука Ариел.
„Тетка Даниела? Се јавија од полиција и рекоа дека се случила несреќа. Ја одвеле Марси во болница, но ништо не рекоа за Кила и Шејн. Можеш ли да дојдеш? Се плашам“, рекла Ариел вознемирено.
Даниела, која работела како медицинска сестра, и Кен, набрзина се облекле и се упатиле во болницата. На Даниела ѝ се треселе рацете додека ѕвонела во болницата каде што биле нејзините деца.
„Како се моите деца? Ве молам, кажете ми каква е нивната состојба“, прашала Даниела уплашено. Медицинската сестра која се јавила на телефон се двоумела неколку моменти, а потоа рекла: „Се плашам дека нивната состојба е лоша“.
Кога стигнале во болницата, докторот ги одвел во посебна просторија да разговараат. Вестите не биле воопшто добри. Кила и Шејн биле премногу тешко повредени за да ја преживеат сообраќајната несреќа која им се случила на патот кон куќата од нивната тетка.
Но, судирот не бил случаен. Марси го запрела својот автомобил во погрешна насока на автопатот. На нив налетале два автомобили и им нанеле повреди на Кила и Шејн кои тие не можеле да ги преживеат. Марси, која не била потешко повредена во тој судир, седела во локвата крв на патот и почнала да се прска со неа.
Марси патела од депресија и биполарно пореметување, што предизвикало халуцинации и психоза за време на возењето. Иако нејзиното семејство верувало дека пие лекови во последните неколку години, таа не го правела тоа, но не им кажала дека престанала да ја пие терапијата.
„Се` изгледаше нормално кога ги зеде децата од нашиот дом таа вечер. Но, некаде на патот, таа психички се скршила“, раскажала Даниела.
Возачите кои се нашле на местото на настанот ја повикале полицијата. Тројца офицери ја однеле Марса против нејзината волја во болница. Животот на Даниела и Кен се урнал во секунда.
„Јас имав три причини за да станам и да одам на работа секој ден: Даниела, Кила и Шејн. И во еден момент, две од тие причини исчезнаа“, раскажал Кен.
Три месеци после смртта на нивните деца, Даниела одлучила да напрви нешто за и други семејства да не доживеат слична трагедија. Со помош на својот сопруг, ја формирала органзиацијата “Keep Sound Minds”, која има за цел да ја подигне свеста за менталното здравје. Тие двајца сега зборуваат за својата трагедија јавно на предавања и презентации, обидувајќи се да ја тргнат стигмата од луѓето кои патат од некое ментално нарушување.
Шест месеци после губењето на децата Даниела ѝ простилана својата сестра која била нејзин најдобар пријател уште од детството.
„Се разбудив еден ден и сфатив дека Марси исто така исчезна од мојот живот. Ние се` правевме заедно. Од кампување, до чување на децата една на друга. Ми требаа неколку месеци, но ѝ простив. Сфатив дека не е Марси таа која ја направи таа ужасна работа. Таа ги сакаше моите деца. Виновна е менталната болест“, вели Даниела.
Иако ги изгубиле двете деца во еден ден, четири години подоцна, на Кен и Даниела среќата барем малку им се насмевнала. Во 2011 година тие ги добиле близнаците Колтен и Шедон.
„Тие никогаш нема да ги заменат децата кои ги изгубивме, Кила и Шејн секогаш ќе бидат наши деца. Но, тие им даваат нов фокус на нашите животи. Ние разговараме со близнаците цело време за тоа што се случи, дури им ги читавме нивните омилени книги. Засекогаш ќе ги носиме Кила и Шејн во нашите срца“, раскажува Даниела.
Denesen.mk