Потресна исповед на ќерката на Балашевиќ: Момчето ме тепаше, а јас молчев и трпев


Јелена Беба Балашевиќ, ќерка на пејачот, кантавтор и поет Ѓорѓе Балашевиќ, во потресната исповед открила дека две години била во врска со насилник.

– Долго ми беше срам да зборувам дека сум доживеала психичко и физичко злоставување од партнерот. Но, повеќе не ми е. За тоа мора да се проговори и да се зборува – ја почнала својата исповед режисерката, која пред три години била жртва на насилство од партнерот.jelena-beba-balasevic1

Никогаш не ни помислила дека е со некој кој би можел да ја повреди и да биде насилен кон неа.

– Прво почна со психичка тортура. Со навреди. Колку што подолго бев со него, кавгите прераснаа во туркања. Се додека не падна првата шлаканица – се присетува Јелена, која со насилникот била во врска речиси две години.

По првата шлаканица, го доживеала сценариото коешто обично го имаат и другите насилници. Плачење, кукање, извинување и ветување дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.balasevic

– Е во тоа е финтата. Тоа е таа реченица на која повеќето жени попуштаат и простуваат. Но, насилството секогаш се повторува. Ако тоа еднаш се случи, ќе се случи и друг пат. И така во недоглед доколку молчите. Имав среќа па се што доживував не траеше долго. Наредните две шлаканици беа доволни да си ги спакувам своите работи и да излезам од таа врска – раскажала помладата ќерка на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Главно жените не се подготвени да ги споделат своите искуства со јавноста, стравувајќи дека со тоа ќе предизвикаат уште поголем гнев кај насилникот.

– Срам. Тоа е единственото што го чувствував после се. Меѓутоа, за тоа мора отворено да се зборува, бидејќи тоа е нешто што ги поврзува многу жени. И, секако, на секого може да му се случи, нема тоа врска со образованието или професијата  – рекла Јелена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1