Британката Мел Елфорд (37) од Екситер, се омажила со маж кого го запознала во 2012 година преку Фејсбук. Мајката на три деца тогаш немала поим дека нејзиниот сопруг Џонатан е педофил.
Мел и Џонатан се венчале една година подоцна. Таа дури неодамна открила дека Џонатан е запишан во регистарот на педофили и дека против него имало обвиненија дека спиел со малолетно девојче, пишува „Мирор“.
– Чувствувам голема одговорност и вина што своите деца ги изложив на опасноста тој човек да биде блиску до нив. Тоа никогаш нема да си го простам – изјавила оваа мајка.
Таа потоа објаснила дека Џонатан го запознала преку Фејсбук, и дека тој бил пријател на нејзиниот постар брат.
– Ми праќаше пораки и набрзо се запознавме и лично. Беше прекрасен кон моите деца, а мене ме третираше како кралица – изјавила Британката, која откако дознала дека Џонатан е педофил, веднаш го исфрлила од дома.
„Не знаев дека е педофил, сè додека еден ден не дојде социјален работник, кој ми кажа дека Џонатан е обвинет дека имал сексуални односи со малолетно девојче, и дека моментално е на слобода затоа што платил кауција“, раскажала Мел.
Џонатан во меѓувреме бил обвинет за шест точки по обвинението.