На вчерашен ден пред 25 години на новинарска задача била убиена цела екипа на РТС, меѓу кои бил и Зоран Амиџиќ, таткото на популарниот водител Огнен.
Тој за српските медиуми открил дека семејната трагедија која му се случила кога бил млад, само го направила посилна личност. Таткото на Огнен загинал како новинар во војната, под околности кои ниту денес не се разјаснети.
– Се уште официјално не се знае кои се сторителите на тоа убиство, а веројатно и никогаш нема да се дознаа после толку време. Се трудев низ животот да не ја преувеличувам својата тага. Тоа за мене беше еден морничав период, а и многумина тогаш ги изгубија најмилите. Научив да живеам со тоа – раскажува Амиџиќ.
Говорејќи за прераните заминувања на својот татко и на Маринко Мажгаљ, водителот за српски „Курир старс“ изјавил:
– Не можат тие две работи да се споредат. Секоја тага е лична и голема. Заминувањето на Мажгаљ, ме помести од колосек. Тој одбележа голем период од мојот живот. Замина млад човек, полн со живот, а живееше со таква безгрижност и леснотија, изјавил Амиџиќ.