Потресна исповед на Огњен Амиџиќ: Сè уште не е откриено кој го уби мојот татко


Познатиот српски водител и пејач Огњен Амиџиќ преживеа тешки моменти откако го напушти неговиот голем пријател и соработник, српскиот актер Маринко Мажгаљ со кој заедно го сочинуваа музичкото дуо „Фламингоси“.

Во интервју за српските медиуми, Амиџиќ открил дека по сплет на околности се исчеличил уште во младоста кога му се случила страшна семејна трагедија.311818_ognjen-amidzic-foto-vesti-2_f

Таткото на Огњен, Зоран загинал како новинар во војната, под околности кои ниту денес не се разјаснети.

– Сè уште официјално не се знае кои се сторителите на тоа убиство. Се трудев низ животот да не ја преувеличувам својата тага. Тоа за мене беше еден морничав период, а и многумина тогаш ги изгубија најмилите. Научив да живеам со тоа – раскажува Амиџиќ.

Говорејќи за прераните заминувања на својот татко и на Маринко Мажгаљ, водителот за српски „Курир старс“ изјавил:

– Не можат тие две работи да се споредат. Секоја тага е лична и голема. Заминувањето на Мажгаљ, ме помести од колосек . Тој одбележа голем период од мојот живот. Замина млад човек, полн со живот, а живееше со таква безгрижност и леснотија – изјавил Амиџиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1