Потресна исповед: Пред мои очи ми го бодеше детето, а судијата го ослободи


Триесет и деветгодишниот Драган Матиќ не доби “ниту ден“ притвор, иако  ја избодел неговата сопруга Славица со нож, а доколку нејзиниот татко не ја спасел навреме, таа сега ќе беше мртва.

– Пред мои очи Драган ја колеше мојата ќерка и се закануваше дека и мене ќе ме убие. Се нафрлив на него за да го спасам своето дете, а тој на крајот сам се повреди себе. Но, судијата не сакаше да му одреди приитвор на Драган, кој обвинителството го бараше. Не знам како можеше истиот ден да го пушти на слобода човекот кој се обиде да ја убие ќерка ми, рекол таткото на Славица, Драгомир Продановиќ за српски Курир.

slavica-dragan-ubistvo500Драган во неделата се обидел да ја заколе сопругата во куќата во која живееле, а Драгомир пред полицијата изјавил дека неговата ќерка Славица неколкупати му се јавила пред нападот.

– Ми реше дека има проблеми со Драган, но кога пристигнавме, ништо не укажуваше на тоа дека ќе се случи таквва драма. Славица отиде да ги спакува своите работи, додека ја чекав во дворот и слушнав како таа вреска „Помош сака да ме заколе“. Ја скршив вратата од ниванта соба и го видов Драган како ја боде со нож ќерка ми. Ми рече „Губи се или и тебе ќе те заколам“, а јас се нафрлив врз него и му го одземав ножот, раскажал Драгомир.

Триесет и четири годишната Славица веднаш била префрлена во болница во Белград, каде поради сериозноста на повредите веднаш била оперирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1