Џеса Дилов Крисп (29) била жртва на сексуално злоставување од својата десетта година. Нејзиното семејство ја подведувало во бордели и ја терало да се појавува во детска порнографија.
Од пеколот успеала да се извлече во 2010 година и храбро одбива нејзиното ужасно детство да ѝ го дефинира целиот живот.
-Ужасот кој го преживеав не може да се опише со зборови, како ни борделите во кои морав да опслужувам и мажи и жени. Имав прилика да видам како страдаат мои блиски луѓе, а често мои злоставувачи во борделите беа полицајци. Ме врзуваа и силуваа, а потоа ми велеа дека ако кажам некого ќе ме стават во затвор, рекла таа.
Џеса успеала да побегне во 2010 година, по состанокот со жена која работела со жртви на трговија со луѓе.