Откако медиумите го обвинија дека провалил во запуштената вила Кремешак во Опатија и таму бесплатно летувал, Томислав кој е татко на две болни деца, одлучи да реагира и да ја открие вистината зошто бил присилен да ја искористи напуштената вила.
На „летувањето” во запуштената вила во Опатија, Томислав кој себе и семејството го прехранува собирајќи пластични шишиња, не го натерала желбата за јадранскиот брег, туку болеста на неговиот син.
Томислав нема ни 40 години, невработен родител на 2 мали и болни дечиња и сопруг на исто така невработена жена. Таа добила отказ додека била бремена по втор пат, а Томислав е насилно избркан од една приватна фирма.
Неговиот син кој нема ни 5 години има атопичен дерматит кој ако не се лечи може да прерасне во астма. Заради болеста би требало по барем 5 недели во годината, а по можност минимум 2 месеци годишно да биде на море затоа што тоа има благотворно дејство врз неговата болест.
Томислав одлучил да направи сè што може за да му помогне на својот син.
„Минатата година бевме во Ровињ на една недела, но тоа не беше доволно. За напуштената вила во Опатија дознав сосема случајно, ја видов и направив шатор во градината на вилата за да можам да го донесам семејството.“
Томислав ги негираше обвинувањата дека е провалник и дека било кој оштетил.
Тој раскажува како без вакво „летување”, алергијата и пликовите на неговиот син се појавуваат уште на есен.
„Оваа година кога пристигнавме во вилата се надевавме дека ќе приспиеме во шаторот кој го оставивме минатата година. Но, кога дојдовме, не беше празна, во неа имаше уште неколку млади. Не ја користевме само ние ова лето“, раскажува Томислав.
Изгледа вилата Кремешек функционирала како преноќиште за многумина.
Откако сфатиле дека вилата е отклучена, решиле дека подобро за децата е да бидат со покрив над глава, па расчистиле една соба и решиле да преноќат во неа.
„Секој ден барем три пати поминував по должината на Опатија и околината. Собирав пластични шишиња за да заработам околу 200 куни дневно, а со тие пари купував храна за семејството. Сепак, понекогаш не беше доволно затоа што не сум единствен кој собира шишиња за храна. Навечер излегувавме во прошетка, која повторно беше мисија да собереме што повеќе шишиња за следниот ден да имаме топол оброк за децата“ прераскажува Томислав.
„Полицијата нè виде дека сме во куќата и не реагираше. Ако треба, ќе одам и ќе се предадам. А, што се однесува до тоа што го направив, кога се работи за синот и неговото здравје и повторно ќе го направам“ одлучно признал Томислав.