Потресна приказна: Немав пари за сендвич, родителите мислеа дека сум мртов


Големата сиромаштија која што владее на африканскиот континент ги тера децата да прават драстични мерки, за да преживеат, односно да успеат да го прехранат своето семејство. Еден од нив е и Мамаду Кулибали, 18-годишен играч на Пескара.

По неговиот одличен настап против великанот Милан, младиот Сенегалец го привлече вниманието кон себе, но, со својата приказна ги освои срцата на многумина фанови.kulibali-480x276

Потребно е подобро да се запознае неговиот живот, а тој има многу врска со преживувањето, отколку со овој спорт.

„Избегав од дома со ранец на рамениците. Само на другарот му кажав дека заминувам, родителите мислеа дека одам на училиште. Го исклучив телефонот и не се јавував три или четири месеци. Родителите беа убедени дека сум мртов” вели Кулибали во интервјуто за „Газета дело спорт”.
Тој открива дека желбата за да биде фудбалер била посилна од стравот за губење на животот.

„Родителите сакаа да бидам студент. Ми велеа дека ќе играм во Европа само за да ме заќутеа. Го ризикував животот за фудбалот, но, тоа го направив и поради фамилијата. Наскоро да можам да им помогнам”.
Со автобус отишол до Мароко по опасни патишта, но, тогаш настанал големиот проблем. Како да се стигне до Европа.

„Спиев на пристаниште. Немав пари за брод. Еден човек ме виде и ме праша зошто спијам на улица. Му одговорив дека сакам да одам во Европа. По неколку дена се врати, работеше на бродот кој одеше во Франција и ме викна да одам со него. Тоа не беше брод како оние на телевизија. Беше многу поголем и пренесуваше храна. Имаше уште 20 други деца со мене. Бев таму само поради фудбалот, не знам какви беа нивните сништа. Доколку се превртеше бродот, ќе бев мртов бидејќи не знам да пливам” додава Кулибали.
Пристигнувањето во Италија носи нови проблеми.

„Спиев на улица и кога имав среќа јадев сендвич. Бев во Рим, тогаш ми кажаа дека има многу Сенегалци во Пескара, па фатив воз, без да платам карта. Имав проби во Чезена, Сасуоло, Рома, Асколи, но, никој не ме сакаше. Играв школски фудбал во Сенегал и секако на улица. Гледав фудбал на ТВ, следев многу натпревари и учев најразлични потези”.
Успеа да дојде во Пескара, заигра во Серија А, а на крајот се враќаме на почетокот. На натпреварот со Милан, каде што одигра 90 минути.

„Можеби еден ден ќе играм на тоа ниво, тоа го научив од овој дуел. Сето ми доаѓа природно кога е во прашање овој спорт. Милан е тимот за кој навивам, го сакам Милан, Франција и Манчестер јунајтед. Мајка ми и татко ми не сум ги видел. Многу ми недостига мама. Кога отидов плачеше, бидејќи мислела дека сум мртов. Сега? Чувствувам дека сум имал среќа” заклучи Кулибали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1