Потресна приказна за светски модел – на 14 години била силувана, а потоа следела одмазда


Флоренс Незбит станала првиот модел во светот на почетокот на 20. век и нејзиното лице било насекаде, а како 14-годишна девојка била силувана од славен архитект, кој подоцна бил убиен од нејзиниот сопруг милионер.

Наскоро ќе наврши половина век од смртта на Незбит, а ова лето минаа точно 110 години од најстрашната случка во нејзиниот живот.florence

Додека очите на Незбит се навикнувале на светло, во нејзината глава „светкало” дека мора да се бори со поривот за повраќање.

Посегнувајќи по покривачот, со раката допрела празна чаша за шампањ, а таа полека сфаќала дека е гола. Срцето почнало забрзано да ѝ чука кога сфатила дека покрај неа има маж, а бутовите ѝ биле прекриени со крв.

Пет години подоцна, тој маж бил мртов, а Незбит, првиот светски модел, била дел од судењето на векот.

Животот на убавицата со бакарна коса од Филаделфија, која станала најбараниот модел на своето време, бил разоткриен пред публиката, што за неа значело депресија, зависност од метадон и обид за самоубиство.3361d801a1cf50a4cce430490a70c80d

Незбит била висока само 152 сантиметри и личела на типично девојче, дури и како возрасна жена. Славата ја стекнала по случајната средба со ексцентричен уметник, кој побарал од неа да му позира за портрет со неполни 14 години. Водена од финансиски проблеми – нејзината мајка вдовица била невработена – Незбит почнала да позира за списанија, реклами и секакви ситници, станувајќи рекламно дете на првата деценија од 20. век.

– Нејзиното лице било вистински клуч до богатство, сите ја сакале – вели Паула Урбруру, авторка на „Американ ив“, биографијата за Незбит. Таа додава дека Незбит била Мајли Сајрус на своето време.2eve-book

Но, нејзината убавина имала и лоша страна – многу брзо го привлекла вниманието на 47-годишнот Стенфорд Вајт, славен архитект кој бил „слаб“ на млади девојки на црвениот тепих.

Убавата Флоренс и нејзината мајка биле примени во прекрасна хотелска соба, каде Вајт им платил сместување, и се дружел со семејството сè додека не ја придобил нивната доверба – сè додека една вечер приказната не се сменила.

Додека Флоренс била сама со него во соба со огледала, тој ѝ понудил чаша со шампањ. Ја убедил да пие, иако самиот не пиел. Се пресоблекла во кимоно, а потоа не паметела ништо што се случило. Собата се замрачила. Кога се освестила сфатила дека била силувана и почнала да вриска. На суд рекла дека „во собата влегла како девица, но дека не излегла така, без да учествува во тоа”.

Флоренс со години молчела за силувањето, но сеќавањата од таа ноќ ја прогонувале. Подоцна се омажила за Хери Тов, мултимилионер и ексцентрик кој ја следел и ја заведувал цели четири години пред таа конечно да прифати да стане негова сопруга.

Тов бил фиксиран на идејата за женската искреност и сакал да ја знае секоја нејзина тајна. Од неа ги извлекол сите детали од таа трауматична вечер, а од тој момент со себе почнал да носи и пиштол и сиот свој бес го насочил на силувачот Вајт.

Имал идеја за негово разоткривање и наплата на гревот, за што морал да ги преземе работите во свои раце.

Во вечерните часови на 25 јуни 1906 година, облекол долг капут под кој го сокрил пиштолот, а потоа подоцна во театарот „Медисон сквер гарден“, пред сведоци го убил Вајт, пукајќи три пати во него. По самиот чин ѝ пришол на Флоренс, ја бакнал и ѝ кажал: „Веројатно ти го спасив животот”.model

Незбит сведочела на дури две судења на нејзиниот сопруг, бидејќи на првото бил осуден на бесење, додека на второто се извлекол поради „непресметливост”. Исказот на Незбит, во кој морала детално да го опише сексуалното искористување, за неа било многу болно искуство кое со години го криела. Иако никогаш не била осомничена, секако била причина за убиството на Вајт.

Луѓето ја обвинувале, верувајќи дека е девојка гладна за парите на Вајт, а потоа својот лудо заљубен сопруг го насочила против него. Следеле медиумски скандали, па и линч, а ситуацијата била нарекувана „љубовен триаголник”.

Тов отслужил осум години во болница за „криминално заболени“, а двојката се развела во 1915 година. До 1920 година, сиромашната и очајна Незбит се борела со зависноста. Отворила кафуле за да побегне од сиромаштијата, но веќе следниот месец се нашла во долгови.

Отворена била постапка за нејзино иселување, од кое се извлекла со обид за самоубиство.

Убавата Незбит доживеала старост до 82 години, паѓајќи и станувајќи пред секој животен предизвик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1