Потресни детали за трагедијата во која загина бебенце во Македонија (ФОТО)


Драган Маринковиќ (34) е пуштен од болница, откако му биле санирани полесните повреди со кои се здобил во несреќата во која животот го изгуби неговиот 8-месечен син Андрија, пишува „Блиц“.

Таткото Драган, вчерашниот ден го поминал покрај својата сопруга Марија (30) која има тешки повреди, братот Никола (24) и до синот Матија (5).

mknews soobrakjajka2Замотан во завои, Драган потполно изгубен лутал по ходниците на болницата, не сакајќи да разговара со никого.

Лошите вести дека неговиот брат е сеуште во критична ситуација биле претешки за да ги слушне. Болничарите се обидувале да го утешат, но залудно тој продолжувал да шета од соба во соба.

-Јас сум во шок, тоа е се што можам да ви кажам, прошепотел Драган кога се враќал од собата во која лежела неговата жена Марија.

Состојбата на Марија се стабилизира, а неговиот син Матија се опоравува.

Последниот извештај до некаде го охрабрил семејството Маринковиќ.

-Пријателите и роднините не охрабруваат да издржиме во овие исклучително тешки моменти. Докторите ни кажуваат дека операциите на Марија и Матија биле успешни, но не ни дозволуваат да ги посетиме. Многу сме загрижени за Никола, но веруваме дека тој ќе се разбуди од кома. Тој е млад и јак. Спортист е. Баба Дивна е скршена но е јака и верува дека сите ќе бидат добро, изјавила за Блиц.рс, Милена Маринковиќ.

nesreka2

Никола Гавриловиќ (20) кој бил повреден во “фордот“, уште денес ќе биде пуштен од болница откако во бутната коска која му била скршена му била вградена шипка.

radojkovic-Сопругата е во Скопје со него. Чекаме зелено светло за да си одиме дома, изјавил Гавриловиќ.

Состојбата на патниците од „фордот“

Милица Нововиќ (19) е во стабилна состојба, а пред собата на Рајко Радојковиќ (21) за кој се смета дека ја предизвикал сообраќајката, дежура полиција.

Надеж дека Никола ќе се разбуди од кома

Семејството Маринковиќ е очајно поради состојбата на повредениот Никола, кој веќе трет ден е во кома. Сите веруваат дека Никола, кој бил активен спортист ќе излезе како победник во оваа битка.

Најново – Почина и чичкото на загинатото бебе во трагичната сообраќајка

12-годишно девојче постојано било покрај Матија

mknews soobrakjajka 11Младото девојче од Нови Сад прва разговарала со малиот Матија, која се додека не дошле докторите седела покрај него, го држела за рака и му викала дека се ќе биде во ред. Таа со своето семејство се нашла на патот каде се случила несреќата, а подоцна заедно со својата мајка го пренеле малото бебе Андрија до болницата, каде починало, пишува „Блиц“.

Лекарите доцнеле на местото на несреќата?

Се проверуваат тврдењата дека Брзата помош стигнала на местото на несреќата по 25 минути, како и тврдењето дека 8-месечниот Андрија не го пренеле веднаш во болница затоа што мислеле дека е послесно повреден. Вработените во болницата ги демантираа тврдењата, иако очевидци за српските медиуми тврдат дека бебето до болницата го пренело семејство од Нови Сад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1