Потврден уште еден случај на листерија


Денеска е потврден уште еден случај на листерија, кој што е примен на Инфективната клиника, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.

infektivna1-Станува збор за маж роден 1966 година. Добивме потврда од микробиолошката лабораторија дека и кај него станува збор за листерија, рече ресорниот министер.

Инаку, листеријата досега во Македонија зеде четири жртви, а министерот Тодоров и претходно најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител поради жртвите од бактеријата.

Листериозата е бактериско заболување кое најчесто се појавува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, чадена риба итн. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени Целзиусови). Најчесто се регистрира меѓу постари лица со намален имунитет, бремени жени и новородени деца кај кои може да предизвика сериозни компликации како сепса, воспаление на мозочна обвивка (менинго енцефалит), воспаление на срцева обвивка (перикардит), воспаление на зголобови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1