Македонската ракометна репрезентација ја забележа и третата победа на СП во ракомет 2015 во Катар. Совладана беше селекцијата на Босна и Херцеговина во 3.коло со 25-22 полувреме 13-11 за Македонија.
Се потврди традицијата – МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ ГУБИ НА ВОДИЦИ
Традицијата покажува дека секогаш кога нашите ракометари играат на Водици, тие победуваат. На Водици пред три години на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта.
Исто на Водици во 2009 година Македонија ја совлада Полска и си ги подотвори вратите на втората фаза од Светското првенство во Хрватска. Македонските ракометари тогаш го победија светскиот вицешампион со 30:29 во Вараждин, потоа продолжија во Задар и на крајот во Загреб го освоија 11. место.
Следниот натпревар Македонија го игра в среда, во 17 часот против Хрватска што воедно ќе биде и директна борба за првата позиција во нашата група Б.