Потврдено: Владиниот авион во кој бил Заев принудно слетал – имал дефект


Информацијата дека владниот авион принудно слетал ја потврдија и од Владата. Еве што велат

Денес околу 12:35 часот при слетување на Скопскиот аеродром, владиниот авион имаше индикација која укажуваше дека не постои потврда дека предното тркало е спуштено.

По направените процедури во воздух од страна на пилотите, при што направен е и низок прелет над пистата на Скопскиот аеродром со цел, контролата на летање потврди дека се е во ред со тркалата при процесот на слетување.

По добиениот позитивен и потврден одговор од страна на контролата на летање дека се е во ред со тркалата, пилотите слетаа на Скопскиот аеродром, а како превентива согласно стандардите беше повикана противпожарната единица од аеродромот.

Слетувањето беше целосно во ред. При дијагностика на авионот после слетувањето се утврди дека се работи за дефект на микропркинувач кој затаил да даде правилна информација за позицијата на предното тркало.

Следува замена на микропрекинувачот, после што авионот ќе биде тестиран и ќе продолжи да лета веднаш штом биде потврдено дека е комплетно функционален и безбеден за понатамошно летање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1