Повеќе од еден час не можеше да се воспостави повик на ОнеВип – еве ја причината


Преку мрежате на мобилниот оператор ОнеВип попладнево повеќе од еден час не можеше да се воспостави повик.

Од ОнеВип информираат дека поради прекин на главни оптички врски се соочиле со глобален проблем кој се манифестираше со неможност за остварување повици и проблем со користење интернет.

– По брзата интервенција на екипите на ОнеВип говорните услуги за корисниците функционираат без пречки и се вратени во нормала. Во моментов интензивно се работи на отстранување на потешкотиите со употреба на интернет услугите, информираат од ОнеВип.

Од Контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации велат дека операторот е должен да го извести регулаторното тело за причините за прекинот во мрежата во рок од 24 часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1