Во Македонија лани се склучени 13.982 брака или за 0,1 отсто помалку во споредба со 2012 година. Најмногу бракови се склучени во август 11,9 отсто, а најмалку во април 5 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92 отсто за жените и 90,2 отсто за мажите.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 25,8 години за невестата и 28,6 години за младоженецот.
Во 2013 година има 2.045 разведени бракови што е зголемување за 6,2 отсто во однос на претходната година. Најмалку 2,4 отсто од бракови се разведени во август, а најмногу 10 отсто во декември.
Според возраста на сопругата, најголем број на разводи 19,5 отсто се случиле во старосната група од 35-39 години, а за сопругот во старосната група од 30-34 години со учество од 19,1 отсто.