Дел од корисниците од улиците „Кукушка“, „Димитрије Туцовиќ“, „Благој Страчков“, „Крсто Бајиќ“, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Аминта Трети“ во општина Центар, во понеделник од 8 до 10 часот ќе бидат без струја.
Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Кондово, општина Сарај, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Бернард Расел“ во општина Ѓорче Петров.
Корисниците од селото Паничари во општина Сарај, без струја ќе бидат од 9.30 до 14:30 часот, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од улицата „Дамаска“ во општина Карпош.
Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „70“ и „72“ во населбата Волково.
Причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД, иинформираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.