Повредени 3 рудари во рудникот „Саса“


Тројца рудари Александар А., Ванчо Е. и Бранко В,се повредени во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица, при одрон на камења во бушотина, информира Нова Македонија

Одронот се случил додека рударите биле во јамата, при што се здобиле со повреди на лицето и рацете. Веднаш биле пренесени прво во болницата во Кочани. Едниот рудар кои имал повреда на окото добил помош, по што сите се транспортирани  во Клиничлката болница – Штип. Едниот рудар е задржан на лекување, а двајца поради типот на повредите се упатени на Клиниката за пластична хирургија во Скопје.

Сите тројца рудари се во стабилна здравствена состојба и надвор од животна опасност.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1