Е. Х. (53) кој вчера при гаснење на пожар на Зеленото пазарче во Скопје се здобил со изгореници на двете дланки на рацете, по санирањето на повредата во ГОБ „Свети Наум Охридски“ е пуштен на домашно лекување.
Во пожарот, како што соопшти МВР, биле опожарени три тезги, а една е целосно изгорена. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.