ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 19 часот:
88 Маврови Анови, 40 Пожаране, 36 Лазарополе, 26 Дебар, 19 Крушево, 10 Тетово и Ѓуриште, 9 Тополчани, 3 Кр. Паланка и Битола, 1 Прилеп и Претор.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 12 часа до 19 часот (во л/м2):
7 Битола, 6 Д.Капија, 4 Тополчани, 3 Берово, Струмица и Гевгелија, 2 Пожар, 1 Кр.Паланка, Виница, Прилеп, Пожаране и Претор.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:
Облачно со врнежи од снег, а во југоисточниот дел од дожд. Од податоците со кои располагаме без врнежи сеуште е само во Скопје-З.Рид и Тетово. Дува умерен до засилен северен ветер. Ветерот е најизразен во Скопје-З.Рид, каде достигнува до 50 км/час и во Битола 40км/час..
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА:
Облачно со врнежи од снег, а само во крајниот југоисточен дел врнежите ќа бидат од дожд и снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во источните и јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, а на планините нов снег од околу 20 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во Скопје:
Облачно со повремени врнежи од најпрво од дожд и снег, а подоцна во ноќта само од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ:
Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од 0 до 6 степени.
Во недела ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен северен ветер.
Од понеделник следува период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст
Press24