Полициски службеник бил нападнат од 2 лица од општината Врапчиште откако се обидел да интервенира поради погрешно паркирано возило, информира МВР.
„Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Ќ.(26) од село Неготино, општина Врапчиште и Џ.И. (22) од село Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 26.01.2018 година на паркинг пред Полициското одделение „Попова Шапка”, при преземање на службени дејствија во врска со непрописно паркираното возило на А.Ќ. , тој му упатувал закани по животот на полициски службеник, по што заедно со Џ.И. физички го нападнале полицискиот службеник.“ – стои во соопштението кое го лиферуваше МВР.
За разлика од овој случај, пред неколку дена во Скопје, функционерот на ДУИ, Бекир Асани нападна полициска службеничка во слична ситуација, додека таа се обидуваше со возило пајак да му го отстрани непрописно паркираното возило. Асани помина само со прекршочна пријава.