Во центарот на Монтреал околу 9 часот наутро по локално време во понеделникот се отвори дупка долга 26 метри, а широка 16 метри.
Како што пишува Хафингтон пост, дупката која се отворила за време на работата врз дефект на канализацијата, проголтала цел багер.
Работникот кој управувал со багерот бил пренесен во болница каде било констатирано дека нема никакви повреди, освен претрпениот шок.
Според изјавите на луѓето кои што живеат во близина дефектот со канализацијата не бил забележан најмалку една недела.