Повторно силен земјотрес кај Фукушима, предупреудување за цунами


Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеорвата скала го погоди изутринава по локално време североисточниот дел на Јапонија, а епицентарот бил на 20 километри источно од префектурата Фукушима.fukushima

Иако е покрената тревога за цунами, јапонските метеоролози сметаат дека висината на брановите ќе биде минимална и оти тие тешко дека ќе предизвикаат некаква штета, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).

Потресот се почувствувал во 17 префектури, вклучувајќи ги и Фукушима, Мијаги, Ивате и Токио.

Овој земјотрес се случил во истото подрачје, како и потресот од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој се случил пред два дена.

ЈМА предупреди на можни нови потреси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1