Во околината на Богданци во близина на приватните оранжерии кои се наоѓаат покрај реката Луда Мара попладнево изби пожар на отворено кој за брзо време се прошири на околниот терен обраснат со сува трева и нискостеблести растенија.
Веднаш по дојавата за пожарот на терен излезе екипата на ППЕ на Гевгелија која огнот го гасне со две возила и 12 пожарникари.
Поради ветрот кој дува огнот брзо се шири кон планината Карабалија и се заканува да го зафати нејзиниот шумски предел.
Гевгелиските пожарникари побараа помош од своите колеги од Струмица и Валандово.