Запален аспиратор е причина за пожарот во Болницата за детски болести во Козле од кој беше зафатен дел од кровната конструкција.
Пожарот е изгаснат и причинета е материјална штета, нема повредени лица бидејќи пациентите навреме биле евакуирани.
Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информираат дека интервенирале со две возила и пет пожарникари.
Пожарот бил пријавен кај нив во 09:15 часот, а изгаснат е околу 12 часот.