Голем пожар ноќеска околу 2 часот избил во охридскиот хотел Бренд, јавува Охриднет. Oгнената стихија ја зафатила кујната на хотелот и рецепцијата.
Поради густиот дим и огнените јазици, неколкуте гости кои престојувале во хотелот веднаш биле евакуирани. На лице место веднаш пристигнала екипа на охридската противпожарна служба.
На двете противпожарни возила кои учествувале во гасненњето на пожарот им требало повеќе од 2 ипол часа за да го ставата пожарот под контрола.
Според првичните сознанија, повредени нема.