Пожар во Охрид – пожарникарите ја спасија Тв „Морис“


pozar

Ноќеска околу полноќ, избувна пожар во деловната зграда кај градскиот пазар, во кој изгоре магацински простор на земјоделската задруга “Горица”, информираа од тв „Морис“, која исто така била загрозена од огнената стихија.

Сопственикот и главен уредник на телевизијата Јован Трпески изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, спречено било ширењето на пожарот во насока на маркетот “Јагор” и кон просториите на ТВ Морис.

-Опожарени се неколку дуќани во непосредна близина, а освен оштетување на сателитскиот систем, Телевизија „Морис“ не претрпе посериозна штета.-истакна Трпески.

Истрагата, која е во тек, треба да утврди причините за пожарот.

OhridNews
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1