Пожар во семејната куќа на Владо Мисајловски во Ѓорче Петров


Пожар избувнал изутрината околу девет часот куќа во населбата Ѓорче Петров, во кој биле зафатени спрат од куќата и покривна конструкција. Во пожарот нема повредени лица.
Дел од медиумите објавија информации дека станува збор за семејната куќа на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, куќата била сопственост на Б.М. (58).

Посочуваат дека увидот ќе се изврши во текот на денот кога ќе бидат создадени услови.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе пожарникарски возила и пожарникари.с

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1