Рано утринава во близина на Штип избувна пожар – Епилогот е три изгорени викенд куќи, тотално опожарени трла, кокошарници и свињарници со пеплосани животни и изгорени неколку ниви и ниско стеблеста шума, јави Канал5.
Сопствениците на викендичките и пожарникарите се убедени дека пожарот е предизвикан од човечки фактор.
– Да токму така, човечки фактор е причина за избувнување на оваа огнена стихија. Друго и не може да биде. Иако е екстремно жешко, оган не може да избувне од стакло или слично нешто бидејќи по нашето пребарување, не најдовме било каков стаклен предмет, вели командирот на штипската ТППЕ, Кирчо Патраклиев.
Благодарение на Брзата интервенција на штипските пожарникари не се прошири и на околните викендички.