Пожар во Штип – повредени осум лица меѓу кои трудница и бебе


Осум повредени лица, мегу кои осуммесечно бебе и бремена жена, е билансот од големиот пожар што избувна вчера во подрумските простории во една од зградите во штипската населба Сењак.

pozarnikarot-gasiБрзата интервенција на пожарникарите со три возила и 20 пожарникари и дежурната екипа на брзата помош спречила штета од поголеми размери и поголем број на повредени грагани.

– Од почеток огнот избувна од подрумските простории, се прошири
во влезот, а чадот доспеа до петтиот и последен кат од зградата. Ова ги испаничи станарите. Избезумине потрчаа кон влезот и излегоа на терасите од своите станови. Успеавме за помалку од час и половина да го локализираме и изгаснеме огнот, објасни Кирчо Патраклиски – командир на ТППЕ-Штип.

Можеби велат надлежните повредени и ке немало, но паниката која ја предизвикале станарите од 35 те стана од првиот влез, иницирал осумина штипјани да бидат хоспитализирани како последица од прекумерно вдишување на јаглерод моноксид.

– Меѓу повредените беше и осуммесечно бебе. Веднаш по укажувањето на прва помош итно го транспортиравме до детскоодделение во Клиничката болница. Навреме згриживме и бремена жена, која е транспортирана на Гинекологија,а другите пациенти по првиот неопходен лекраски третман транспортирани се на хирургија, поради изгореници и интерно поради прекумерно вдишување на Јаглерод моноксид. Сите повредени се вон животна опасност, но се задржани за понтамошно лекување, изјави д-р Јулијана Џамбазова-Ташкова-лекар во Брза помош-Штип.

Граганите видно вознемирени раскажаа што се случувало во зградата кога огнот избувнал.

– Беше страшно. Мислев огнот и чадот доагаат од печката на дрва, но кога со моите деца, едно пет години старо и другото бебенце, десет месеци старо, три часа стоевме на терасата, раскажа со видно вознемирен тон, Весна Димовска – станар.

Првичната неофицијална претпоставка за причина за опожарувањето е фрлен неизгаснат отпушок од цигара. Електричната инсталација во зградата целосно е изгорен. Ноква поголем дел од станарите ке ја поминат кај роднини. Истрагата е во тек.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1