Пожар во стан на собирач на ѓубре во зграда кај Транспортниот центар


Пожар во стан полн со смет во близина на Транспортниот Центар во Скопје ги вознемири соседите и случајните минувачи. Отпадот кој со години сопственикот на станот го собирал дома ја отежнуваше работата на пожарникарите.

Во станот биле собрани купишта алишта, стара постелнина, пластични гајби и шишиња.

Утрово околу 10.30 минути случаен минувач го алармирал првиот сосед дека од станот до него излегува густ чад. Брзата интервенција на противпожарната служба спречи трагедија на улицата Никола Карев во Скопски Центар.

Во опожарениот стан повеќе од 20 години сам живее средовечен маж. Луѓето кои живеат во истиот влез велат дека станува збор за лице со нарушено психичко здравје и напаѓал луѓе. Иако подолго време барале помош од надлежните институции, ништо не било преземено.

Причината за пожарот засега е непозната, а од МВР информираат дека се работат на расчистување на случајот. Од министерството за труд и социјална политика тврдат дека лицето кое живее на посочената адреса не е евидентиран во нивниот систем и не е корисник на никаква помош од државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1