Голем пожар избувна утрово кај “Дрво-декор”во центарот на Скопје. Според очевидците кои живеат во околните куќи, пламенот почнал да се шири од една од бараките кои се наоѓаат на влезот од населбата “Ново Маало”.
Поради можноста да зафати поголем дел од објектитe кои се наоѓале во непосредна близина, жителите од населбата почнале сами да го гасат пожарот.
Во моментите додека се ширел пламенот, во сервисот имало две плински боци, кои доколку биле зафатени, постоела опасност да предизвикаат силна експлозија.
Екипите на противпожарната служба на град Скопје веднаш пристигнаа на местото, и нивната брза интевенција спречи ширење на пожарот и во соседните бараки.
Повредени лица нема, а причините за пожарот дополнително ќе ги утврдуваат единиците од крим техника при МВР.